Светската здравствена организација (СЗО) се соочува со недостиг на пари.

Како што изјави извршниот директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, Мајкл Рајан, во разговор со министрите за здравство на земјите-членки, тоа веќе се одразува на тековните операции.

Рајан истакна дека СЗО во февруари побарала 1,96 милијарди американски долари за да одговори на пандемијата на корона вирусот оваа година и предупреди дека недостасуваат околу 70 проценти од таа сума.

Ова претставува закана за СЗО затоа што не е во состојба да ги одржува своите витални функции и да одговори на итните приоритети. Ризик е СЗО да не може да обезбеди брза и флексибилна поддршка за земјите во неволја – изјави Рајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.