Светската здравствена организација (СЗО) претпазливо го поддржа одложувањето на втората доза на вакцината против корона вирус на „Модерна“ во одредени ситуации, како што тоа веќе го сторија за вакцините „Фајзер-БионТех“.

Експертите за имунизација на Стратешката советодавна група (САГЕ) на СЗО, исто така, инсистираат на тоа дека меѓународните патници не треба да бидат приоритет за вакцинирање уште некое време. За време на состанокот минатата недела, експертите разговарале за вакцината „Модерна“, која, како и вакцината „Фајзер-БиоНТех“, користи технологија mRNA и се користи во голем број земји.

И за двете вакцини е потребна втора доза (ревакцинација) по три до четири недели, но неколку земји, кои се соочуваат со ограничени залихи на вакцини, изјавија дека ќе го одложат давање втора инјекција, за да можат што повеќе луѓе да ја земат првата доза.

Советничката група за вакцини на СЗО смета дека е најдобро да се почитуваат тестираните 28-дневни интервали помеѓу дозите. Групата, сепак, соопшти овој месец дека во „исклучителни околности“ е можно да се почека до 42 дена за да се инјектира втора доза на вакцината „Фајзер-БионТех“, и денес го изјави истото за вакцината „Модерна“.

Агенцијата за јавно здравје на ООН досега ја одобри само вакцината „Фајзер-БионТех“ за употреба, но исто така се очекува да издаде одобрение за вакцината „Модерна“. СЗО ги повика здравствените работници и најранливите 20 проценти од луѓето во секоја земја да примаат вакцини пред да шират програми за имунизација на нивните популации.

Во сегашната ситуација со многу ограничени залихи, повластената вакцинација на меѓународните патници би била спротивна на принципот на еднаквост – наведуваат од САГЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.