Директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, доктор Мајкл Рајан изјави дека коронавирусот сè уште е во пораст низ целиот свет.

Со оглед на тоа што е регистриран значителен пораст на бројот на потврдени случаи во последните пет или шест недели, тој предупреди дека наскоро може да следи скок на смртност.

– Во април и мај имавме 100.000 случаи на ден, рече Рајан за време на брифинг.

Тој рече дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 засега се чини дека е стабилен, но предупреди дека честопати има застој помеѓу зголемувањето на потврдените случаи и кога се пријавуваат смртни случаи поради времето што е потребно за вирусот да убие пациент.

Тој, исто така, ја отфрли идејата дека значителен скок во случаите е последица на пообемно тестирање и рече дека епидемијата забрзува.

Рајан изрази надеж дека колективното знаење стекнато за ефикасно лекување на пациенти со Ковид-19 ќе помогне да се задржи стапката на смртност релативно ниска, но тоа не може да се гарантира.

– До овој број на зголемени случаи дојде во последните пет до шест недели, така што мислам дека не треба да биде изненадување ако стапката на смртност повторно почне да расте, заклучи Рајан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.