Претставникот на Велика Британија во Светската здравствена организација Дејвид Набаро ги повика светските лидери да престанат „да го користат карантинот како примарен метод за контрола на корона вирусот“, тврдејќи дека ваквите мерки предизвикуваат сиромаштија.

Карантинот има последица од нешто што не смее да се занемари, а тоа е дека сиромашните стануваат уште посиромашни, предупреди Набаро.
Според медиумите, оваа изјава претставува промена во првобитната позиција на СЗО кон мерките за борба против COVID-19.

Ние во Светската здравствена организација не се залагаме за карантин како примарна мерка за контрола на вирусот. Погледнете што се случува со нивото на сиромаштија – се чини дека светската сиромаштија може да се зголеми двојно до следната година, изјави д-р Набаро за „Spectator“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.