Пандемијата на ковид-19 ќе трае една година подолго од тоа што е потребно, бидејќи сиромашните земји не ги добиваат вакцините кои им се потребни, соопштила денеска Светската здравствена организација.

Доктор Брус Ејлвард од СЗО изјавил дека тоа значи дека кризата би можела лесно да се протегне длабоко во 2022-ра година, пренесува “BBC”.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, во споредба со 40-те проценти на останатите континенти.

Велика Британија испорачала повеќе од 10 милиони вакцини на земјите кои им се потребни, а ветила вкупно 100 милиони.

Повеќето вакцини против се дадени во земји со високи и средни приходи, додека на Африка отпаѓа само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.

Група добротворни организации, меѓу кои “Оксфам” и “УНАидс”, ги критикувале Канада и Велика Британија поради набавките на вакцини за своите жители преку Ковакс, глобална програма за праведна дистрибуција на вакцини.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година Велика Британија примила 539.370 дози вакцини “Фајзер”, додека Канада земала нешто помалку од милион дози од “АстраЗенека”.

Ејвард апелирал на богатите земји да се откажат од “местата во редот” за вакцини, за фармацевтските компании да можат да дадат приоритет на земјите со најниски приходи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.