Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не верува дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот САРС-КоВ-2.

Би сакал (да беше последната варијанта), но ми се чини дека тоа е малку веројатно во моментов. Гледаме висока стапка на инфекции и висока стапка на пренесување на омикрон. Има и големи проблеми со иминузацијата, милијарди луѓе ширум светот сѐ уште не се вакцинирани – вели директорот на програмата за идни случаи при организацијата, Мајкл Рајан.

Стручњакот на СЗО изразил жалење што сѐ уште постојат „многу можности“ за ширење на вирусот и појава на нови мутации.

Се надеваме дека тоа нема да се случи, но во моментов (во светот) не вложуваме доволно напори да го спречиме таквиот развој на настаните – додава Рајан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.