Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земја со олабавување на епидемиолошките мерки да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу земји.

Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19, неделава конечно го имаше почетокот на кампањата за вакцинација во земјите кои досега ја немаа.

Ова е напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е се уште релативно мал, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус.

Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека се уште не е време да се релаксираме.

Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно, рече тој на прес-конференција во Жeнева, предупредувајќи дека „ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.