Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа.

Ова го изјави денеска на брифинг во Копенхаген, пренесуван во живо преку Фејсбук, директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

– Според податоците пристигнати до утрово, регистрирани се 687.236 случаи (на инфекција). Со жалење информираме дека починале 62.824 луѓе, рече тоj.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.