Светската здравствена организација ќе започне нова истрага за потеклото на коронавирусот и ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан, како што се тврдеше во јавноста во повеќе наврати.

Тим од околу 20 експерти, заедно со експерти за биосигурност, лабораториска безбедност, генетика и начинот на ширење на вирусите кај луѓето, ќе бидат вклучени во оваа нова истрага, пишува The Wall Street Journal.

Тие ќе проверат дали коронавирусот „протекол“ од лабораторија во Вухан, на крајот на 2019 година, но и дали постои можност сепак овој вирус да потекнува од друга земја.

Водството на СЗО препорача приоритетите на новиот тим да бидат и податоците од земји каде се забележани првите случаи на заразата во 2019.

Претходната истрага препорача Кина да ги испита најраните сомнителни случаи на коронавирус, а тимот во својот последен извештај тврдеше дека податоците дадени од земјата се недоволни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.