Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот сој на корона вирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик.

Во објавениот документ на СЗО се нагласува дека научниците сè уште знаат многу малку како сојот Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата.

Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијатра. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок – се наведува во извештајот на СЗО.

Проценката на СЗО, меѓу другото, се заснова и на фактот дека Омикрон, кој беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои доведоа до поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.