Вакцинацијата на деца не е приоритет од гледна точка на Светската здравствена организација (СЗО), иако сè поголем број богати земји одобруваат вакцинирање против Ковид-19 за тинејџери и деца.

Експертот на СЗО за вакцинација, д-р Кејт О’Брајан, вели дека со оглед на исклучително ограниченото глобално снабдување со вакцини, имунизацијата на децата против корона вирусот не треба да биде голем приоритет.

О’Брајан вели дека вакцинацијата на децата, кои обично не се изложени во ризик сериозно да се разболат или да починат од Ковид-19, главно има за цел да го запре пренесувањето, наместо заштита од болеста.

Канада, САД и Европската Унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за употреба кај деца на возраст од 12 до 15 години, кога се приближуваат кон целите за вакцинација на возрасните.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесу,с претходно ги повика богатите земји да ги донираат своите вакцини на сиромашните, наместо да ги имунизираат своите адолесценти и деца.

Помалку од еден процент од вакцините против Ковид-19 се даваат на сиромашните земји.

О’Брајан вели дека не е потребно да се вакцинираат децата пред да се испратат на училиште ако возрасните кои се во контакт со нив биле имунизирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.