Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека моментално стапката на пренесување на Ковид-19 во Европа е „многу загрижувачка“ и дека континентот е „повторно во епицентарот“ на заразата.
СЗО предупреди дека може да има уште половина милион смртни случаи од Ковид-19 во Европа во февруари.

Повторно сме во епицентарот – рече директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.

Според него, сегашната стапка на пренос во 53 земји во европскиот регион е „многу загрижувачка“.
Зголемувањето на бројот на заболени СЗО го објаснува со недоволната вакцинација и олабавувањето на епидемиолошките мерки.

Според СЗО, бројот на хоспитализации поврзани со Ковид-19 за една недела е „зголемен повеќе од двојно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.