Нови мерки кои вклучуваат „затворање“ во Европа може да се избегнат, а еден од можните начини да се постигне тоа е речиси сите граѓани да носат маски, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

На прес-конференцијата, Клуге рече дека стои зад неговото тврдење дека може да се избегне воведување „локдаун“ и дека тоа е крајната мерка.

Ако 95 отсто од граѓаните носат маски, тогаш „затворање“ не би било потребно, потенцираше Клуге.

Регионалниот директор на СЗО за Европа рече дека основните училишта треба да останат отворени и додаде дека децата и адолесцентите не се двигатели на ширењето на коронавирусот и дека затворањето на училиштата не е ефикасно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.