Светската здравствена организација преку соопштение денеска најави дека наскоро ќе испрати нови упатства за користење на заштитните маски во борбата против коронавирусот.

Доколку маските се носат, тогаш тоа мора да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства што наскоро ќе ги објави, а се однесуваат на носењето маски, нивното симнување од лице и фрлање во ѓубре. Истражувањето во ова подрачје е доста лимитирано, но ги охрабруваме државите кои размислуваат за воведување маски за широка популација за да ја истражиме нивната ефективност. Маските не можат да ја запрат пандемијата. Државите и натаму треба да бараат, тестираат и да ги изолираат заразените со коронавирус, рече Тедрос Адханом Гебресејсус, генералниот директор на СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.