Светската здравствена организација (СЗО) денес одржува состанок, 14-ти откако за првпат се појави коронавирусот, а нивниот итен одбор за ковид-19 би можел да му предложи на Генералното собрание укинување на пандемијата, речиси три години откако беше прогласена. Иако одлуката мора да ја донесе главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, тој до сега доследно ги следеше советите на одборот во текот на целата пандемија.

Иако нема да ги игнорирам советите на одборот за итни ситуации, и понатаму сум многу загрижен поради ситуацијата во многу земји и сè поголемиот број смртни случаи“, кажа Гебрејесус.

Шефот на СЗО особено се осврна на неодамнешниот пораст на случаите на ковид во Кина, каде во последните два месеци се забележани најмалку 170.000 смртни случаи.

Комисија ќе разгледа дали состојбата со вирусот е сè уште сериозна. Иако пандемијата и понатаму е сериозна, во последните три години дојде до значително подобрување во заштитата на луѓето од вирусот, и со брзи антигенски тестови, лекови и вакцини.

Повеќе од две третини од светската популација досега примиле барем една доза вакцина против ковид. Се очекува комисијата својата одлука да ја објави на 30 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.