Светската здравствена организација (СЗО) ги повика производителите на вакцини да дадат приоритет на испораките на вакцини против Ковид-19 на механизмот Ковакс за посиромашните земји и наведе дека вакцините повеќе не треба да одат во земји каде што има 40 отсто покриеност.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека третата доза треба да се дава само на луѓе кои имаат слаб имунолошки систем.

Продолжуваме да ги повикуваме производителите на вакцини кои веќе ја имаат листата на СЗО за итна употреба да му дадат приоритет на Ковакс, а не на профитот на акционерите – изјави Тедрос.

Според него, „одобрувањето на СЗО за итна употреба на вакцината „Коваксин“ од индиската фармацевтска компанија „Барат Биотек“ придонесува за еднаквост на вакцините“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.