Светската здравствена организација бара 11,5 милијарди долари за итни средства за борба против заразниот делта сој на коронавирусот, според извештаите во кои Ројтерс имаше увид.

Голем дел од парите кои се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните држави, како што се наведува во документот, за кој се очекува дека ќе биде објавен во текот на оваа недела.

Како што се прикажува во извештајот, прикажани се резултати и финансиски потреби за програмата АЦТ за поддршка на вакцините, лекувањето и дијганостицирањето на Ковид-19 ширум светот.

Оваа програма била воспоставена на почетокот на пандемијата која и понатаму во поголема мерка е недоволно финансирана, а неговите координатори стравуваат дека така ќе остани и понатаму, рекол неименуван извор.

Како резултат на тоа, СЗО намалила на пет милијарди долари од своето вкупно барање за дополнителни средства, додека сѐ уште ѝ се потребни 16,8 милијарди долари, речиси колку што сега се собрани, а итно се потребни 7,7 милијарди долари.

Во документот исто така се бараат дополнителни 3,8 милијарди долари, со цел да се испорачаат 760 милиони дози вакцини против Ковид-19 до следната година.

Овие опции за купување мора да се применуаат во наредните месеци или дозите со вакцини ќе бидат изгубени, се вели во документот.

Генералниот директор на СЗОТедрос Адано Гебрејесус рекол дека минатата недела биле потребни 7,7 милијарди долари, но не дал преглед во планираната потрошувачка и не кажал колку дополнителни пари се потребни за вакцините.

Дел од проектот за дистрибуција на вакцините сѐ повеќе се наслонува на донациите од богатите земји, наместо на сопствените залихи, откако клучниот произведувач, Индија го ограничи извозот на вакцини со цел да го зголеми сопственото производство на вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.