Претседателот на Светската федерација на лекари, Френк Улрих Монтгомери, смета дека не е можно во скоро време да се постигне колективен имунитет против корона вирусот.

Луѓето кои се скептични мора да бидат упатени да се вакцинираат. Десет проценти кои не сакаат да се вакцинираат, секако ќе стекнат имунитет со тоа што ќе се разболат. Но, за стекнување колективен имунитет потребно е вакцинирање на 85 проценти од населението – изјави Монтгомери за германската медиумска групација „Функе”.

Монтгомери порача дека клучот за успех во борбата против Ковид-19 е само масовно вакцинирање на населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.