Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Грос, изјави дека гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје ги прекршило речиси сите седум стандарди за нуклеарната безбедност.

Експерти на МААЕ веруваат дека гранатирањето не предизвикало непосредна закана за нуклеарната безбедност, врз основа на информации што ги дала Украина, јави „Би-би-си“.

Сите воени активности што ја загрозуваат нуклеарната безбедност, мора да бидат запрени – истакна Гроси.

Најголемата европска нуклеарна централа е под контрола на руските сили од почетокот на март, иако украински техничари и понатаму управуваат со неа, потсетува „Би-би-си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.