Претседателот на Светска банка, Дејвид Мелпас изјави дека е уверен дека ќе се постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд за привремено суспендирање на долговите на најсиромашните земји во светот.

Мелпас најави дека за овој предлог ќе се дискутира на состанокот на министрите за финансии Г-7 и Г-20 следната недела и изрази очекување дека предлогот ќе добие широка поддршка и на состанокот на 25-члениот Комитет за развој на Светска банка и ММФ.

Сиромашните земји очекуваат меѓународната заедница да го преземе водството и да ја олесни должничката криза. Јас сум убеден дека ќе го постигнеме тоа, рече Мелпас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.