Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереро повика на воздржаност по убиството на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризадех, познат како „таткото“ на иранската тајна програма за нуклеарно оружје.

Видовме извештаи дека ирански нуклеарен научник е убиен во близина на Техеран. Повикуваме на воздржаност и укажуваме на потребата да се избегнат какви било активности што може да резултираат со ескалација на тензиите во регионот, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, пренесоа американските медиуми.

Претходно иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека зад фаталниот напад врз нуклеарниот физичар стојат „главните ирански непријатели, САД и Израел“, јави ДПА.

Рохани го обвини Израел дека дејствувал како „американски платеник“ и дека убил висок научник во иранската нуклеарна програма.

Уште еднаш, немилосрдните раце на ароганцијата на светот со ционистичкиот режим како платеник се обоени со крвта на син на оваа нација, напиша Рохани во изјавата на својата официјална страница, осврнувајќи се на вчерашното убиство на научникот Мохсен Фахризадех во близина на Техеран.

Иран терминот „светска ароганција“ го користи за да ги означи САД, додава ДПА.

Началникот на Генералштабот на иранската армија, Мохамад Багери, пак, предупреди дека „страшна одмазда“ ги чека луѓето кои стојат зад убиството на Фахризад.

Одговорните терористички групи и извршителите на овој кукавички чин треба да знаат дека ги чека страшна одмазда, напиша Багери во пораката на Твитер, пренесена од иранската агенција Ирна.

Смртта на иранскиот научник Багери ја нарече „горчлив и тежок удар“ и додаде  дека Иранците нема да мируваат се додека не ги пронајдат и казнат луѓето вмешани во неговото убиство.

Според иранското Министерство за одбрана, 52-годишниот Мохсен Фахризаде бил повреден во напад со автомобил-бомба врз возилото со кое патувал, а врз него било и дополнително пукано од неколкумина напаѓачите, кои биле убиени од неговите телохранители.

Министерството за одбрана соопшти дека научникот бил раководител на одделот за истражување и иновации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.