Бројот на луѓе заразени со корона вирус во светот синоќа надмина 60 милиони.

Според податоците објавени на веб-страницата „Ворлдметерс“, бројот на заразени од почетокот на пандемијата достигна 60.040.652, од кои 1.413.206 луѓе починале од последиците на инфекцијата.

Водечка земја според бројот на заразени сè уште се САД со 12.923,878 случаи, веднаш пред Индија со 9.221,998 и Бразил, каде од почетокот на пандемијата се разболеле 6.118,708 лица.

Европската земја со најголем број на заразени сè уште е Франција, каде што од почетокот на пандемијата се пријавени 2.153,815 случаи на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.