Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 25.032.361 лица. Од нив починале 843.249, а оздравеле 17.391.675 луѓе.

Од регионот во последните 24 часа во Грција се евидентирани 177 нови случаи на Ковид-19 и уште едно починато лице. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 9.977, а починаа 260 лица.

Во Хрватска изминатите 24 часа се регистрирани 312 нови случаи на заразени со вирусот, а починаа три лица. Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, заболеле вкупно 9.861 луѓе, од кои 183 починале, а 7.024 закрепнале.

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа на Косово, девет лица починале од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 508. Во истиот период се тестирани вкупно 466 примероци, од кои 115 биле позитивни. Така, вкупниот број на позитивни на коронавируси досега е 13.215.

Во Бугарија има 57 нови случаи на заразени со коронавирусот при направени 6.337 ПЦР тестови. Починале девет лица, а на интензивна нега се 59 пациенти. Излекувани се 187 луѓе.

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, врз основа на 1.513 тестирани примероци, а три лица починале.

Италија регистрира најголем пораст на бројот на заразени со коронавирусот на дневна основа од мај, откако во изминатите 24 часа беа регистрирани нови 1.462 случаи. Има и уште девет починати лица, а досега се регистрирани речиси 35.500 смртни случаи.

Во последните 24 часа, во Франција се регистрирани 5.453 нови случаи на инфекција со коронавирусот, додека шест лица починале од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 272.530 луѓе во Франција, од кои 30.602 починале.

Во САД, во последните 24 часа се пријавени 46.156 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на речиси шест милиони, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс. Во САД коронавирусот корона досега е потврден кај 5.913.941 лица. Во изминатиот ден починаа уште 976 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 181.800.

Индија денеска пријави 76.472 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од рекордните бројки во изминатите неколку дена. Индија пријави вкупно 3,46 милиони случаи. Бројот на смртни случаи пораснал за 1.021, на 62.550, соопшти сојузното Министерство за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.