Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 622.343 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 28.802, а оздравеле 137.373 лица.

– Шпанските здравствени власти велат дека се ближат до врвот на епидемијата.

– Русија ги затвора границите, досега се пријавени 1.264 случаи на зараза со Ковид-19.

– Во Херцеговина до денеска се регистрирани 49 заразени, меѓу нив е и првото бебе заразено во БиХ.

– Во Холандија денеска починаа 93 лица, со што вкупниот рој на жртви се зголеми на 639, а потврдени се уште 1.159 заразени. Во Холандија се потврдени вкупно 9.762 случаи на Ковид-19.

– Во Велика Британија има вкупно 17.089 регистрирани случаи на Ковид-19. Од 1.019 починале.

– Њујорк останува епицентарот на пандемијата на коронавирусот во САД со повеќе од 45.000 заразени и 510 смртни случаи.

– Полска сепак ќе одржи претседателски избори во мај.

– Србија воведува нови, построги мерки. Самоизолацијата е продолжена од 14 на 28 дена.

– Индија ќе претвори дел од возиве во карантин за пациенти заразени од коронавирусот.

– Република Српска прогласи вонредна состојба.

– Бројот на смртни случаи во Швајцарија се зголеми од 197 во петокот на 235 денеска, соопшти Министерството за здравство, а бројот на заразени од 12.161 на 13.2213.

– Иранските власти денеска објавија дека уште 139 лица починале од новиот коронавирус, и сега, според официјалните бројки, во Иран има 2.517 смртни случаи.

– Главниот град на Индонезија, Џакарта, ја продолжува вонредната состојба до 19 април.

– Вухан е отворен по два месеци изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.