Полицискиот службеник кој уби жена за време на упадот на демонстрантите во холот на американскиот Капитол Хил е суспендиран од должност додека трае истрагата.

Полициски службеник кој пукал и уби една жена во Конгресот бил испратен на одмор, а неговите полициски овластувања биле суспендирани додека не се спроведе истрагата, стои во изјавата на началникот на полицијата на Капитол, Стивен Санд.

– Додека демонстрантите напредуваа кон салата на Сенатот, каде беа сенаторите, полицаецот застрела возрасно женско лице. Веднаш била укажана лекарска помош, а жената била пренесена во болница, каде подоцна им подлегнала на повредите – изјавил началникот на полицијата.

Началникот на полицијата го потврди името на починатата како Ешли Бабит. Сенд соопштил дека полицијата во Капитол спроведува „темелна реконструкција“ на нападот врз зградата на Капитол хил од страна на група демонстранти, вклучувајќи безбедносно планирање, политики и процедури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.