Полицијата во Хонг Конг употребила денес солзавец и уапсила 300 лица во текот на уличните протести на неколку илјади учесници по повод предлогот на Кина да биде усвоен нов закон за безбедност во тој град.

Полицијата интервенирала во центарот на градот и другите области и принудила десетина осомничени демонстранти да седат на тротоар додека трае претресот на нивните работи. 

Силни полициски сили се распоредени околу зградата на Законодавниот совет, откако демонстрантите планирале и да ја попречат дебатата за предлог законот според кој непочитувањето на кинеската национална химна ќе биде кривично дело. Многу продавници, банки и канцеларии затвориле пред крајот на работното време

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.