Најмалку 18 лица се убиени во судири меѓу нарко-картели во северниот дел на Мексико.
Судирот се случи во мексиканската држава Закатекас, каде се борат за превласт картелите Халиско и Синалоа.

Мексиканските безбедносни сили во зајакнат состав се обидуваат да воспостават ред во регионот.

Борбата меѓу нарко картелите во Мексико не стивнува дури и за време на пандемијата Ковид-19. Во текот на 2020 година, во Мексико имало 35.484 убиства, што е просечно 97 убиени на ден. Во текот на 2019 година во Мексико имало 35.616 убиства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.