Седум лица се загинати во судир на мал турситчки авион и хеликоптер над италијанските Алпи, соопшти италијаснакта полиција. Во полицискиот извештај е наведено дека меѓу загинатите четири се државјани на Германија, а останатите тројца  загинати се од Италија, Франција и Белгија.

Се уште не можеме да ги објавиме имињата на загинатите, поради тоа што некои од семејствата не знаат дали се работи за нивни членови, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Судирот го преживеала двајца од патниците кои се државјани на Германија и Франција, кои сега се под истрага во врска со инцидентот.

Авионот и хеликоптерот се судриле на северозападот на Италија, во близина на границата со Франција на височина од околу 3000 метри.

Засега се уште не е јасно под кој околности се случила несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.