Судијата Канакорн Пианкана од Тајланд се застрела со пиштол откако одржа кус говор во полната судница во кој го критикуваше судскиот систем поради тоа што му било наредено да ја смени пресудата.

Портпаролот на судот рече дека Канакорн е однесен во болница откако си стрелал со пиштол во градите и сега не е во опасност, додавајќи дека судијата може да страда од стрес.

Во говорот кој бил пренесуван во живо на Фејсбук судијата тврди дека му пристапил некој кој го присилил да ги смени пресудите против петмина обвинети. Претходно тој донел пресуда во која осудил тројца од нив на смрт, а другите двајца со казна затвор и покрај недостатокот на доволно докази.

Судијата тврди дека и други помлади судии во првостепениот суд, како него, се подложени на истиот притисок.

Тој се пожалил на неправеден третман на судиите во првостепениот суд, како на пример работата по службена должност да ги напишат пресудите без прекувремен надоместк и им е забрането да работат втора работа за да заработат дополнителен приход, за разлика од лекарите кои можат сами да работат на клиники по завршувањето на нивната работа во болниците. Судијата ги повикал пратениците да ја изменат судската повелба за да ги спречат постарите судии да ги прегледуваат пресудите на судиите во првостепениот суд пред да бидат изречени во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.