Јужна Кореја покажа дека е можно да се контролира и задржи коронавирусот без гасење на целата економија, но експертите се сомневаат дека нивниот систем може да се преслика и во другите земији.

На крајот на февруари и почетокот на март во оваа земја бројот на заболени од коронавирусот значително порасна – од неколку десетици, преку стотина заразени, до неколку илјади луѓе.

На врвот на епидемијата, 29 февруари, здравствените работници идентификувале 909 нови случаи во само еден ден и оваа земја со 50 милиони жители навидум беше на раб на хаосот. И покрај тоа, за помалку од една недела, бројот на случаи е преполовен. Четири дена подоцна, бројката е преполовена уште еднаш – а истиот тренд продолжува и следната недела.

Во неделата, Јужна Кореја пријави само 64 случаи, најмал број во речиси еден месец, дури и додека бројот на случаи во другите земји продолжува да расте со илјадници дневно, потполно рушејќи ги здравствените системи и економијата на тие држави. Италија бележи неколку илјади случаи дневно, Јужна Кореја веќе подолго време немала повеќе од осум во еден ден.

Кореја и Кина се единствените две држави со масовни епидемиии кои успеаја да ја израмнат кривата на нови случаи. Разликата е во тоа што Кореја во тоа успеа без опресивни мерки штетни по економијата како оние во Европа и Соединетите Американски Држави.

Оваа земја сега произведува 100.000 тестови дневно

Додека бројот на смртни случаи ширум светот ја преминува бројката од 15.000, светските официјални лица се вртат кон Јужна Кореја во потрага за одговори. Тие одговори, иако се далеку од лесни, изгледаат релативно логични и достапни: брза реакција, масовно тестирање и следење на контакти и круцијална поддршка за граѓаните.

Сепак, останатите земји не го следеа примерот на Јужна Кореја. Некои започнаа да ги применуваат нивните методи, но бидејќи епидемијата само што силно „експлодираше“ знаат дека истата наскоро тешко ќе може да се стави под контрола.

Канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, наведе дека претседателот го контактирале Емануел Макрон, претседателот на Франција, и шведскиот премиер Стефан Лутфен, за да побараат детали за сите мерки кои земјата ги преземала.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус ја пофали Јужна КОреја како показател дека запирањето на вирусот, иако тешко, во потполност е можно. Инсистираше и другите земји да ги „применат лекциите кои сме ги научиле од Кореја и другите“.

Јужнокорејските официјални лица предупредуваат дека нивниот успех и понатаму е неистестиран. И понатаму постои ризик од нов бран за болета, особено затоа што епидемијата и понатаму жестоко ги зафаќа околните земји.

И покрај тоа, Скот Готлиб, поранешниот комесар на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), повторно ја претстави Јужна Кореја кко пример, објаснувајќи на Твитер:

Јужна Кореја ни покажува дека можеме да го победиме Ковид-19 со паметен и агресивен здравствен систем.

Само една недела по дијагнозата на првиот случај на коронавирусот на крајот на јануари, официјалните лица на владата се состанале со претставници на неколку здравствени компании. Владата ургирала компаниите моментално да започнат да развиваат тестови за вирусот за масовно производство, ветувајќи итно одобрување на производството.

Во рок од две недели, покрај тоа што бројот на потврдени случаи во Јужна Кореја и понатаму беше во двоцифрени бројки, се извезувале илјадници тестови дневно. Оваа земја сега произведува 100.000 тестови дневно, а официјалните лица тврдат дека во тек се преговори за извоз во уште седумнаесет земји.

Надлежните, исто така, неверојатно брзо спроведоа вонредни мерки во градот со 2,5 милиони луѓе, Даегу, каде заразата се прошири со алармантна брзина преку локалната црква.

 Јужна Кореја успеа да се справи со ситуацијата без ограничување на движењето бидејќи тие многу рано знаеа дека главниот извор на инфекцијата е таа верска заедница – рече Ки Мо-ран, епидемиолог кој ја советува владата за коронавирусот. Да го дознаевме тоа подоцна, ситуацијата ќе беше далеку полоша.

Јужнокорејците исто така, за разлика од Европејците и Американците, беа подготвени да го третираат вирусот како национална опасност, по искуствата со епидемијата на МЕРС која во 2015 година однесе 38 животи.

Пациентите се тестирале во автомобили

Се смета дека периодот на инкубација на коронавирусот е пет дена, по што се појавуваат благи симптоми кои наликуваат на настинка. Тогаш вирусот е значително заразен. Овој шаблон значи дека може да пројдат недела или две пред масовната епидемијата да стане очигледна. Она што навидум изгледа на неколку случаи може всушност да бидат неколку стотици, а неколкуте стотици да бидат неколку илјади.

Со оглед на таквите карактеристики на вирусот, традиционалните мерки како што се потполната забрана за движење и изолација, го немаат посакуваниот ефект – вели Ким Ганг-лип заменик министер за здравство на Јужна Кореја. Кога болета ќе стигне, старите начини на запирање не функционираат.

Јужна Кореја за коронавирус тестираше значително повеќе луѓе од било која друга земја, што им овозможи да ги изолираат и лекуваат пациентите набрзо откако ќе се разболат.

Оваа држава спровела 300.000 тестирања, што е преку 40 пати повеќе од САД.

Тестирањето е круцијално бидејќи резултатот има рана детекција на болеста, па со самото тоа понатаму се намалува ширењето и може брзо да се лекуваат заразените – за Би-Би-Си изјави Канг Кјунг-уа, јужнокорејскиот министер за надворешни работи. Тој исто така тестирањата ги наведе како „причина за нивната значително ниска смртност од вирусот.

Иако Јужна Кореја понекогаш се смета за држава која успеала да ја избегне епидемијата, илјадници луѓе беа заразени, а нивната влада беше критикувана дека не прави доволно. Нивниот агресивен пристап кон тестирањето е дизајниран за да ја запре епидемијата која започна да зема замав.

За да ги поштедат капацитетите на болниците и клиниките, отворени се 600 центри за тестирање чија цел е да се „скинираат“ што повеќе луѓе во што пократок рок, за да се заштитат медицинските работници и тие да имаат минимален контакт со заболените.

Пациентите на 50 локации можеле да се тестираат без да излегуваат од своите возила. Пополнувале прашалници, мерена им е температура и земан брис од грло. Целиот процес траел десетина минути, а резултатите главно биле готови за неколку часа.

Во одредени центри, пациентите влегувале во мали простории налик на телефонски говорници. Здравствените работници им земале брис од грлото користејќи дебели гумени раквици вградени во самиот ѕид на просторијата.

Неуморните јавни опомени и предупредувата Јужнокорејците да побараат тестирање доколку тие или некој нивен близок има или развива симптоми функционирале. Посетителите од странство мораат да инсталираат апликација на своите телефони која ги советува како кај себеси да препознаат симптоми.

Канцелариите, хотелите и другите големи згради често користат термални камери за идентификување на луѓе со повишена температура. Многу ресторани им ја мерат температурата на гостите пред

Кога некој е позитивен, здравствните работници го следат и стражуваат претходното движење на пациентот за да пронајдат, и тестираат доколку е потребно, и изолираат бил кој со кого позитивната личност била во контакт. Тој процес се нарекува следење на контактите.

Ваквата процедура им помага на здравствените работници да ги идентификуваат мрежите на потенцијалната зараза, отстранувајќи го вирусот од општествените кругови како кога хирург отстранува тумор од телото.

Епидемиолози како детективи

Јужна Кореја разви пракса на агресивно следење на контактите за време на епидемијата на МЕРС. Здравствените работници го следеле претходното движење на пациенти користејќи проверка на безбедностни камери, кредитни картички, дури и ГПС-податоци од телефони или автомобили на пациентите.

Епидемиолошките истраги ги спроведувавме како детективи – вели лекарот Ки. „Подоцна, стапија на сила закони кои, во случај на криза со заразни болести, безбедноста на општеството се поставува над приватноста на поединецот.

Поради тоа што епидемијата на коронавирусот беше преголема за толку интензивно следење на поединци, официјалните лица се потпреа на системот за масовни пораки.

Граѓаните на своите мобилни телефони добиваат пораки за предупредување секогаш кога ќе се потврди нов случај на заразен во нивна близина. Интернет-страниците и мобилните апликации детално, од час во час, известуваат за движењето на заразените грашани – со кои автобуси патувале, на која станица влегле, на која се симнале, дури и дали носеле маска или не.

Граѓаните кои сметаат дека можеби се сретнале со заразено лице се советуваат што побрзо да се тестираат во некои од центрите.

Јужнокорејците, претежно прифатија дека губењето на приватноста е нужно зло за спречување на епидемии.

Луѓето на кои ќе им се наложи самоизолација мораат да инсталираат апликација за мобилни телефони која ги информира надлежните доколку пациентот излезе од изолацијата. Казните за прекршување се 2.500 долари.

Јужна Кореја успеја болниците да бидат попристапни за најтешките случаи, такашто се идентификувани и лекувани од инфекцијата многу рано, како и упатување на полесни случаи во посебни центри. Стапката на смртност во оваа држава е нешто под 1 процент, меѓу најниските во светот.

Лидерите на Јужна Кореја заклучија дека е неопходно благовремено и во потполност да се информираат граѓаните за ситуацијата и да барат нивна соработка за да се запре епидемијата – изјави заменик-министерот за здравство на земјата.

Телевизиски преноси, објави на метро-станиците и нотификации на мобилните телефони се констнтни потсетници за граѓните да носат маски, и да ги применуваат мерките за оддалечување од другите луѓе.

Тие пораки будат чувство на заедништво, слично како во воена состојба. Анкетите покажуваат дека големо мнозинство на граѓани ги поздравуваат мерките на владата, имаат доверба, а нивото на паника е ниско и има минимални броеви на масовни купувања на производи.

Довербата на јавноста доведе до високо ниво на граѓанска свест и доброволна соработка, што дефинитивно го засилува овој наш потфат – рече Ли Тае-хо, заменик-министер за надворешни работи, пред новинарите пред еден месец.

Официјалните лица исто така го пофалуваат и државниот здравствен систем, кој на поголемиот дел од граѓаните им гарантира нега, со воведени специјални правила за бесплатна нега за заболените од коронавирусот, што дополнително ги охрабрува луѓето да се тестираат.

Методите и алатките за сузбивање на епидемијата кои ги користи Јужна Кореја не се претерано комплексни, ниту пак скапи. Некои од технологиите кои оваа држава ги користи се исклучително едноставни – гумени ракавици и одело. Од седум земји со полоши епидемии од Јужна Кореја, пет се побогати.

Експертите наведуваат дека има три главни препреки во следењето на чекорите на Јужна Кореја и ниту еден нема врска со технологијата, ниту со цената.

Првата е политичката волја. Многу влади не се подготвени да воведат толку ригорозни мерки доколку епидемијата нема катастрофални размери.

Втората е волјата на јавноста. Довербата во системот е далеку поголема во Јужна Кореја отколку во многу други земји, особено во западните демократии, во кои се поделени мислењата на граѓаните.

Третата и најголема препрека – времето. „Можеби веќе е предоцна“, вели лекарот Ки, за земјите во кои вирусот значително се прошири, за епидемијата да се сузбие толку брзо и ефикасно како во Јужна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.