Џорџ Сорос е роден во еврејско семејство во Будимпешта како Ѓерѓи Шварц. Во обид да го спаси своето семејство по нацистичката окупација на Будимпешта во 1944 година, неговиот татко го дал малиот Ѓерѓи, кој тогаш имал 14 години, на чиновник на унгарското Министерство за земјоделие, му платил мито и го натерал да се заколне дека ќе каже дека му е кум на детето. Така младиот Сорос, заедно со својот лажен кум, се приклучил на акцијата за конфискување на имотот на унгарските Евреи.

Телевизијата Си-Би-Ес го праша за овој настан во интервју во 1998 година:

– Ова звучи како нешто од што повеќето луѓе би морале да одат долги години на психијатар. Дали беше тешко да го правите тоа?, праша новинарот.

Не, воопшто. Можеби како дете не ја видов врската меѓу настаните, но не ми предизвика никаков проблем, одговори Сорос.

– Никакво чувство на вина?

Не.

 

Џорџ Сорос го задржа истиот пристап и во бизнисот. Во истотот интервју тој призна дека не му е грижа за општествените последици кои ги имаат неговите постапки.

– Јас практично работам за да направам пари. Не можам да ги гледам и не сакам да ги гледам општествените последици на тоа што го правам, изјави Сорос.

 

Џорџ Сорос покажа дека е подготвен да згази било кого што ќе му се најде на патот, и притоа делува морничаво незаинтересиран за човечките трагедии кои ги предизвикува. На 16 септември 1992 година, Џорџ Сорос го предизвика колапсот на британската фунта. Денот остана познат како „Црната среда“. Во неговата шпекулативна берзанска операција, благодарение на која стана озлогласен низ целиот свет, британските даночни обврзници загубија дури 30 милијарди евра. Стотици семејства банкротираа, луѓе извршија самоубиства, а Сорос заработи околу 900 милиони евра во една зделка.

Изгледа дека неговиот син, Александар Сорос, ја наследил бесчувствителноста на својот татко, како што се виде од невкусниот коментар на младиот наследник на престолот минатата година. Сорос Јуниор објави обработена фотографија од Адолф Хитлер, на која нацистичкиот водач седи со компјутерска конзола во рацете, а коментарот вели – „Хитлер ја игра првата видео игра, поради што стана насилен и ја почна Втората Светска Војна“. Како свој коментар, Александар Сорос додаде насмеано емоџи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.