Многумина се прашуваа каде беше сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп за време на немирите во зградата на Конгресот во Ваингтон. „Си-Ен-Ен“ дознава дека таа била во Белата куќа, но дека имала свои обврски – организирала фото-сесија.

Тие снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило, рече нивниот извор.

Меланија, наводно, е заинтересирана да објави книга што ќе се занимава со предметите што таа ги обнови од влегувањето во Белата куќа.

Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе објави нешто за упадот во Капитол, извор од Белата куќа за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нема да има ништо од тоа.

Таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи во сето тоа, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.