Во силниот земјотрес што денеска ја погоди Источна Турција најмалку четири лица ги загубија животите, соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Се надеваме дека нема да има други жртви. Според сегашните информации загинати се четири лица – двајца во Елезиг и двајца во Малатија, изјави Сојлу.

Земјотресот, со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала, го погоди градот Елазиг во 20:55 часот по локално време. Неколку згради се целосно урнати и во моментов трае потрагата по евентуално затрупани под урнатините.

(фото: Индепендент)

Земјотресот бил почувствуван во околните градови, па дури и на делови на северот на Сирија и Ирак.

Земјотресот регистриран во емисија во живо:

(Фото: „Си-Ен-Ен Турк“)
(Фото: „Си-Ен-Ен Турк“)
(Фото: „Си-Ен-Ен“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.