Илјадници туриста избегале денес од источното крајбрежје на Австралија зафатено од пожарите додека армијата почна да ги евакуира луѓето заробени на јужното крајбрежје, пренесува „Спутник“.

Заладувањето кое трае од вторникот им помага на пожарникарите во совладувањето на пожарот, а на граѓаните да ги обноват залихите. Возилата формираа долги колони на бензинските пумпи и во супермаркетите, а сообраќајниот метеж доведе до колапс на повторно отворените автопати. Како што најавуваат надлежните власти, влошување на временските услови се очекува во сабота со засилување на ветровите и со пораст на температурите.

Властите информираа дека неделава биле уништени 381 куќи на јужниот брег на Нов Јужен Велс, а најмалку осуммина настрадале во таа и во соседната сојузна држава Викторија, каде што во моментот горат повеќе од 200 пожари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.