Стотици офицери и воени лица во Турција се осудени на доживотен затвор за државниот удар во 2016 година.

Во едно од најобемните судења во историјата на земјата, меѓу речиси 500 обвинети има воени пилоти и офицери, обвинети за обид за соборување на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тие, наводно, раководеле со планот за државен удар од воената воздушна база Акинџи во близина на Анкара.

Ердоган изјави дека креаторот на овој план е Фетулах Ѓулен, муслимански верски водач кој се наоѓа во Америка.

Ѓулен негира вмешаност во обидот за пуч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.