Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот”.

Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петокот избувнале нови 1663 пожари.

Шефот на ИНПЕ беше отпуштен на почетокот од август, откако објави податоци за прекумерно уништување на шумите за кои Болсонаро верува дека е невистинито.

Пријавените податоци покажуваат дека уништувањето на шумите во јули е скоро четирипати поголемо отколку во истиот месец од 2018 година.Според најновите официјални податоци, дури 78.383 пожари се пријавени во областа Амазон од јануари 2019 година, што е рекорден број од 2013 година откао се води евиденција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.