Стотици мртви птици лежат на улиците на Рим, по прославата на Новата година, покажуваат видеата кои се споделуваат по социјалните мрежи.

Причината позади масовното угинување на птиците засега не е позната, но Меѓународната организација за заштита на животните обвинува дека огнометот, петардите и останатите пиротехнички средства се виновни за масакрот во главниот италијански град.

Можам да кажам дека починаа од страв. Тие летаат заедно, па лесно е да се удрат еден во друг, во прозорец, во елекртична жица или кутија. Да не заборавиме дека може да починат од срцев удар, вели Лоредана Диглио, портпарол на Организацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.