Бразилските власти објавија дека пронашле 11 тела откако вчера испука огромната брана „Вале“. Дополнително 296 луѓе се водат за исчезнати, а дождот ја отежнува потрагата која продолжува, иако со се помала надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани.

Несреќата се случила во државата Минас Жераис, каде што се случил колапсот на браната која го задржувала отпадниот талог од рудник за железо.

Влупно 14 хеликоптери постојано ја надлетуваат областа која е целосно покриена со кал.

Во петокот пукна насипот во кој бил насобран отпадниот талог од рудникот за железо на компанијата „Вале СА“ во местото Брумадињо, општина со 39.000 жители, 60 километри југозападно од главниот град, Бело Хоризонте.

Војската со соопштение информираше дека по налог на претседателот Болсонаро, мобилизирани се околу 1.000 војници, кои се подготвени во секое време да се распоредат во областа на несреќата.

Причините за колапсот на браната сè уште не се утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.