Над милион жители на Хонгконг излегоа на протест поради контроверзниот план кој би дал можност за екстрадиција во остатокот од Кина, соопштија организаторите, цитирани од „Франс прес“ и „Би-Би-Си“. Другите извори известуваат за стотици илјади учесници.

Француската агенција забележува дека тоа е најголемата демонстрација во Хонг Конг по неговото враќање на Кина во 1997 година. Таа започна поради закон, кој дава можност за екстрадиција од Хонгконг во останатиот дел на Кина. Локалните власти предупредија дека нема да се откажат од него, бидејќи тој е потребен. Кери Лам, која управува со Хонг Конг, објави на прес-конференција дека овој проект не бил по предлог на Пекинг и дека нема да се наруши ниту една од специјалните слободи, во кои ужива територијата.

Кинеските власти ги обвинуваат „странските сили“ за протестите. Уредникот на државниот весник „Чајна дејли“ ги критикуваше протестите велејќи дека жителите на Хонг Конг биле измамени од страна на опозицијата и „странските сојузници“.

Освен тоа „секој разумен човек“ би го поддржал „одамна потребниот закон“, со кој ќе се елиминираат дупките во законот кои дозволуваат „Хонгконг да се претвори во собиралиште за криминалци“.

Се стигна и до судири со полицијата, кои користеле палки и солзавец. Демонстрантите фрлале шишиња и ги користеле металните бариери. Полицијата се обидела да избрка мала група демонстранти кои сакаа да останат пред Законодавниот совет, локалниот парламент, соопшти АФП.

Претходно полицијата соопштија дека 153 илјади лица поаѓаат од почетната точка на поворката. Полицијата, цитирана од ДПА, тврди дека во шпицот, демонстрациите броеле 240 илјади лица, а според весникот „Саут Чајна морнинг пост“ станува збор за половина милион луѓе. Медиумите во Кина не ги одразуваа протестите, и многу странци беа блокирани.

Најмалку тројца полицајци и еден новинар беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.