Одделот за здравство во јужната германска покраина Баден-Виртемберг објави дека 840 дози на вакцина против корона од Модерна, на кои им истекол рокот, случајно им биле вбризгани на граѓаните.

Грешката се случила во градовите Синдлфинген, Ројтлинген и Еслинген и настанала поради погрешно обележување.

Официјалните лица изјавиле дека вакцините биле транспортирани во кутии со фрижидер во согласност со прописите, но подоцна било откриено дека на етикетите се наведени неточни датуми.

Засега нема заклучоци дека подолгото складирање ја намалува ефикасноста на вакцината, изјавил Мартина Бурчерт-Грив, директорка на локалниот центар за вакцинација.

Новото истражување на производителот наведува дека вакцината е доволно стабилна за да се чува три месеци на нормални температури во фрижидер.

Сепак, Европската агенција за лекови се уште предвидува дека вакцината не смее да се чува повеќе од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.