Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повторно реагира дека Русија концентрира борбени трупи, тенкови и тешка воена опрема во близина на границата со Украина.

Тој ја предупреди Москва дека секоја насилна акција против нејзиниот сосед ќе има последици.

Извештаите за распоредување на повеќе од 90.000 војници од Русија неодамна ги поттикнаа САД и Германија да ја повторат својата поддршка за украинската независност и територијален интегритет.

Ако Русија употреби сила против Украина, тоа ќе има последици –  порача Столтенберг од Брисел.

Официјалн Москва негира директна вмешаност во седумгодишната војна на Киев со бунтовниците во источна Украина.

Русија ги минимизираше неодамнешните извештаи за движењето на нејзините војници и ги оцени како внатрешно прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.