Земјите членки на НАТО вчера одлучија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг до 30 септември 2022 година. Сојузниците ја изразиле нивната поддршка за работата на генералниот секретар за „прилагодување и модернизација” на Алијансата, стои во соопштението на алијансата.

Столтенберг им се заблагодари на земјите членки за ваквата одлука преку Твитер. Тој напиша дека е почестен од одлуката и дека заеднички ќе продолжат да ја прилагодуваат и адаптираат алијансата да остане подготвена за во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.