Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека разговарал со авганистанскиот претседател Ашраф Гани со цел да го увери дека НАТО планира да продолжи со давање поддршка на земја во која припадниците на талибанското движење во моментов вршат притисок врз владата во Кабул.

Добро е што разговаравме со претседателот Ашраф Гани. Безбедносната состојба во Авганистан е се уште многу предизвикувачка и бара постигнување договор преку преговори – напиша Столтенберг на својот Твитер профил.

Столтенберг потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обуки во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.