101-годишен пациент заразен со новиот коронавирус бил отпуштен од болницата во Вухан на 4 март, јавило Радио Кина. Мажот е во добра здравствена состојба, слуша и добро гледа, потврделе лекарите.

Пациентот се заразил со коронавирус веднаш по прославата на 101-годишнината во февруари. Медицинскиот персонал му посветувал особено внимание поради возраста, но за време на третманот откриле дека може да се грижи за себе.

Додека бил во болницата, стогодишникот продолжил да вежба. Тој им кажал на лекарите дека имал 92-годишна сопруга за која морал да се грижи, па треба да се опорави што е можно поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.