Стејт департментот ќе понуди награди до десет милиони долари за информации кои би довеле до идентификување на лица вклучени во злонамерни хакерски активности, поддржани од други држави.

Наградата се однесува и на таканаречените ренсомвер напади, односно на лица кои со хакерски напади врз важна американска инфраструктура блокираат пристап до податоци сè додека не се плати откупот.

Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден покрена и веб-страница stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за спротивставување на таа закана и за изградба на поголема издржливост на американската кибер инфраструктура, изјави висок функционер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.