Стејт департментот соопшти дека ги истражува извештаите за евентуални необјаснети здравствени проблеми меѓу американскиот персонал во Виена.

Списанието „Њујоркер“ објави дека околу 20 американски разузнавачи, дипломати и други официјални претставници изјавиле дека доживеале мистериозни здравствени проблеми.

Кога станува збор за Виена, во координација со нашите меѓусекторски партнери, ние енергично ги истражуваме извештаите за евентуални неразјаснети здравствени инциденти меѓу американскиот персонал во амбасадата – истакна на прес-конференција портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.