Изборите за Државната дума на Руската Федерација на 17, 18 и 19 септември се оддржаа во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти“ и „екстермистички организации“ е ригорозно ограничувачки за плурализмот и граѓанските права во Русија, соопштија од Стејт департментот.

Руската Влада употребува закони за „екстремистички организации, „странски агенти“ и „непожелни организации“, ригорозно ограничувачки за политичкиот плурализам кои го спречуваат рускиот народ во практикувањето на нивните граѓански и политички права, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Се додава дека забраните наметнати од руската Влада заедно со опширните напори да се маргинализираат независните политички актери, исто така, спречија Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и нејзиното Парламентарно собрание да ги набљудува изборите, со тоа ограничувајќи ја транспарентноста која е клучна за фер избори.

Од Стејт департментот потсетуваат дека дејствијата на руската официјална власт се во спротивност на обврските на Русија, вклучувајќи го Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, како и обврските кон ОБСЕ и меѓународните и регионални тела.

Ја повикуваме Русија да ги почитува своите меѓународни обврски, да ги почитува човековите права и основни слободи и да запре со кампањата на пресија врз граѓанското општество, политичката опозиција и независните медиуми“, истакнува Стејт департментот во соопштението.

Оттаму потсетија и дека САД не признаваат оддржување избори за руската Дума на украинска суверена територија и повторно ја истакнуваат својата одлучна поддршка за територијален интегритет и суверенитет на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.