Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 отсто, како и во мај, соопшти денеска статистичката служба на Европската унија, Евростат.

Невработеноста во 27-члената Европска унија исто така остана непроменета на месечна основа во јуни и изнесуваше 6,0 отсто.

Според податоците на веб-страницата на Евростат, во јуни во ЕУ имало 12,93 милиони невработени жени и мажи, наспроти 12,95 милиони во мај. Од нив, бројот на невработени во еврозоната изнесува 10,92 милиони, што е благ пораст во споредба со мајските 10,90 милиони невработени лица.

Најниски стапки на невработеност во јуни се забележани во Чешка (2,4%), Полска (2,7%) и Германија (2,8%), а највисоки во Шпанија (12,6%) и Грција (12,3%).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.