Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон остана речиси стабилен во февруари, во момент кога државата се подготвува за нови мерки за спречување на пандемијата на коронавирусот.

Политиката на Макрон ја одобруваат 41 отсто од испитаници, што е скок од еден отсто од последното такво истражување и највисок резултат од ноември, покажува последната анкета на Ифоп за францускиот неделник „Журнал ду Диманш“.

Одобрувањето на работата на премиерот Жан Кастекс останува на 37 отсто, што е најниско ниво од преземањето на функцијата во јули.

Ифоп анкетирал 1.954 лица преку е-пошта и телефон од 11 февруари до 18 февруари.

Во следните осум до 10 дена Макрон че одлучи дали да ги олесни или зајакне ограничувањата поради Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.