Снежното невреме Филомена предизвика огромни проблеми ширум Шпанија, а особено во главниот град, Мадрид, каде што наносите од снег предизвикаа затворање на аеродормот „Барахас“, како и блокада на сообраќајот на голем број од градските улици.

Тоа, сепак, не им пречеше на граѓаните масовно да излезат да се забавуваат на плоштадите и на тој начин да му се израдуваат на снегот, кој е крајно невообичаена појава во шпанската престолнина каде што нема паднато повќее од 60 години.

Една од најголемите забави се одржа на главниот мадридски плоштад „Пуерта дел Сол“ каде што насобраниот народ во еден ритам танцуваше на песната „Макарена“.

Но, ваквите слики предизвикаа и доста негативни коментари на социјалните мрежи со оглед на тоа што Шпанија е една од земјите најпогодени од пандемијата.

Тие што не им се допаѓаат ваквите случувања велат дека не е во ред на истиот плоштад на кој беше откажан пречекот на Нова Година, само неколку дена подоцна да има танцување и масовни борби со снежни топки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.